Лукаку по секоја цена сака да остане во Интер

Ромелу Лукаку ќе остане на „Џузепе Меаца“ и покрај интересот на Манчестер Сити. Ова беше објавено од страна на еден од водечките медиуми во Италија, „Газета дело Спорт“ откако претходно се појавија информации од Англија дека Манчестер Сити веќе најде замена за Серхио Агуеро и тоа во името на Ромелу Лукаку. Нормално, по одличниот настап на Ерлин Халанд во осминафиналето од Лигата на шампионите, британските медиуми го свртеа вниманието кон него и почнаа да го поврзуваат со преселба во тимот на Пеп Гвардиола. Лукаку, од друга страна, нема намера да го напушти местото каде што ја оживеа својата кариера и стана еден од најдобрите напаѓачи во светот. „Газета дело Спорт“ посочува на два главни фактори во решеноста на Белгиецот да остане во Интер – неговиот прекрасен однос со тренерот Антонио Конте и партнерот во нападот Лаутаро Мартинез.