Анчелоти го носи Кулибали во Евертон

Евертон има намера да ја засили својата одбранбена линија во летниот преоден рок. Според тренерот Карло Анчелоти, главната цел на клубот ќе биде да добие централен дефанзивец од врвна класа.
Според „Фудбал инсајдер“, изборот на Евертон ќе биде дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, кој доста добро се познава со Анчелоти, кој претходно го водеше италијанскиот тим.
Претходно беше објавено дека главни претенденти за потписот на 29- годишниот Сенегалец се Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен. Изминатата зима за Калиду Кулибали се интересираа и Манчестер Сити и Ливерпул.
Фудбалерот игра за Наполи од 2014 година. Пред тоа играше за белгиски Генк и француски Мец. Оваа сезона Кулибали одигра 20 натпревари во италијанската Серија А и доби шест жолти картони.