Англиските гиганти го сакаат Набил Фекир

Набил Фекир може кариерата да ја продолжи во Англија. Манчестер Јунајтед и Ливерпул се заинтересирани за услугите на 27-годишниот Французин, пренесува „Калчомеркато“.
За услугите на Фекир е заинтересиран и Интер. Актуелниот договор на Набил Фекир со Бетис е со важност до летото 2023 година. Сппоред „Трансфермаркт“ неговата вредноста е 25 милиони евра. Да потсетиме дека Фекир се пресели во Бетис во 2019 година, претходно играше за Олимпик Лион.
Во сезоната 2020/21, Набил Фекир одигра 25 натпревари во Шпанскиот шампионат, постигна три гола и шест асистенции. Бетис со 45 поени од 28 натпревари е шести на табелата и се бори за излез во Европа.