Италија и Турција ќе го отворат ЕП со гледачи на трибините во Рим

Натпреварот меѓу Италија и Турција, со кој на 11 јуни во Рим ќе биде отворено Европското првенство во фудбал ќе се одигра во присуство на гледачи и покрај пандемијата со ковид-19, потврди претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз Габриеле Гравина. Тој на прес-конференција во Рим соопшти дека публиката ќе биде присутна на стадионот „Олимпико“, но не ја прецизираше бројката на навивачи. Сè уште не знам колку гледачи ќе има, но сигурно ќе има многу луѓе, најави првиот човек на италијанскиот фудбал. Италија е една од 12-те земји домаќини на претстојното ЕП, а во услови на пандемија на коронавирус на европскиот континент плановите за одржување на едномесечниот турнир сè уште не се прецизирани.