Велс ослабен за тројца репрезентативци против Чешка

Репрезентацијата на Велс ги испрати дома тројцата репрезентативци Хал Робсон-Кану, Раби Матондо и Тајлер Робертс воочи квалификацискиот натпревар против Чешка кој се игра денеска бидејќи ги прекршија протоколите, објави Велшкиот фудбалски сојуз.
„Тројцата фудбалери се враќаат во своите клубови.“ – стои во соопштението во кое се додава дека нема да има дополнителни коментари за тој случај.
Иако нема објавено детали за тоа како фудбалерите ги прекршија протоколите, фудбалерот на Лидс Јунајтед, Тајлер Робертс се извини преку социјалните мрежи поради кршењето на правилата.
„Несреќни сме што го напуштаме кампот порано, но правилата се правила и не требаше да бидам горе во хотелот повеќе од зададеното време. Се извинувам да екипата и навивачите на Велс.“ – напиша тој.