Јувентус суспендираше тројца свои фудбалери

Јувентус казни тројца фудбалери кои организираа забава во домот на Вестон Меккени во средата, а со тоа го прекршија правилото кое е на сила во Италија, а кое се однесува на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.
Меккени во својот дом организирал приватна забава на која повика десет луѓе. На истата присуствуваа и Пауло Дибала и Артур. Сите тројца се суспендирани од страна на клубот и немаат право на настап на лигашкото градско дерби против Торино во сабота. Истата суспензија би можела да биде продолжена и на натпреварот кој Јувентус го игра против Наполи во среда.
Во Италија на сила е полициски час од 22. часот до 5. часот наутро. Полицијата во домот на Меккени пристигнала по повик на сосед околу 23.30 часот.