Интер бара 120 милиони евра за Лукаку
Милански Интер се наоѓа во сериозни финансиски проблеми и на лето ќе мора да продава најмалку една своја ѕвезда, пренесува „Кориере дело Спорт“. Најбараниот фудбалер од „нероаѕурите“ е Ромелу Лукаку, кој е на радарот на Манчестер Сити и Реал Мадрид. Весникот тврди дека Интер нема да се противи на неговата продажба, но само доколку пристигне понуда од 120 милиони евра. „Нероаѕурите“ го доведоа Лукаку од Манчестер Јунајтед за 80 милиони евра во 2019 година, а Белгиецот на 85 меча постигна 59 гола.