Санчо ќе го пропушти дуелот со поранешниот клуб
Џејдон Санчо се уште се опоравува од повредата здобиена на почетокот на март и не е подготвен да се врати во тимот за овонеделните средби во Лигата на шампионите. 21-годишниот Англичанец, најверојатно ќе биде надвор од составот на „милионерите“ за првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампиони против Манчестер Сити закажано за утре. Санчо не тренираше во неделата, а денеска се очекува да замине на нови лекарски тестови. Германските медиуми велат дека Борусија (Д) нема да го форсира неговото враќање на оваа средба, туку ќе се обиде да го има максимално подготвен за реваншот на 14 април.