Флорентино: Суперлигата ќе го спаси фудбалот

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, кој е назначен за нов шеф на новоформираната Европска Супер лига излезе со изјава во врска со контроверзното натпреварување кое предизвика вистински тектонски поместувања во светскиот фудбал. Тој вели дека Суперлигата не е напад врз фудбалот, туку негово неопходно спасување. „Сите велат овие се богати и прават што сакаат – не. Јас не сум сопственик на Реал Мадрид, Реал Мадрид е клуб на членови. Сè што правам е за доброто на фудбалот. Сега го правиме ова за да го спасиме фудбалот, кој е во критична ситуација“, рекол првиот човек на мадридскиот гигант. Според Перез, светските клубови се наоѓаат во финансиски потешкотии поради пандемијата и Суперлигата е еден од потезите кои мора да се преземат.