ФФМ ќе ги плати тестовите за ковид-19 за да се доиграат шампионатите

Фудбалската Федерација на Македонија објави дека ќе ги покрие трошоците за сите ПЦР тестови за ковид-19 откако Владата донесе одлука истите да се прават задолжително пред секој натпревар. Тоа значи дека ФФМ одлучи за сите мечеви од првата и втората лига кои ќе бидат одиграни во текот на викендот да ги плати трошоците за тестирање. Секој клуб мора да пријави по 25 лица за секој натпревар, покрај играчите и тренерите тука се вбројуваат и службените лица од клубот. Тестирањето ќе биде направено утре и в петок. Воедно, ФФМ ќе ги покрие трошоците и за тестовите на судиите, делегатите и контролорите.