Челзи продава 12 играчи за да го доведе Халанд
Англиските медиуми веќе подолго време пишуваат за Ерлинг Халанд и неговото можно доаѓање во Премиерлигата. Досега беше поврзуван со секој од најголемите шест клубови, а најновата шпекулација е поврзана со Челзи. Медиумите тврдат дека Халанд е главна желба на Томас Тухел, а управата на клубот е подготвена да оди на „се или ништо“ за да го доведе. Поточно, Челзи би можел да се ослободи од дури 12 играчи, како би заработил средства кои се потребни за одработување на таков трансфер, сигурно најголем во клупската историја. Трансферот на Халанд во Челзи, или било кој друг европски клуб, не би можел да чини помалку од 200 милиони евра, а Челзи е подготвен на драстичен чекор за да го оствари тоа. Се споменува заминување на Тами Абрахам, Курт Зума, Томори, Дринквотер, Запакоста, Мозес, Ван Гинкел и уште неколку помалку познати фудбалери, на кои Челзи би можел да заработи околу 200 милиони евра. Меѓутоа, останува прашањето дали и тој износ ќе биде доволен за доведување на Халанд, чиј агент е Мино Раиола.