Нејмар и Мбапе го напуштаат ПСЖ?!
Како што се доближува летниот трансфер период, така се зголемува притисокот врз управата на ПСЖ во однос на преговорите за продолжување на договорите со првите две ѕвезди, Нејмар и Мбапе.
„Екип“ пренесува дека првиот оперативец на ПСЖ, Леонардо губи самодоверба дека ќе успее да ги убеди двајцата напаѓачи да останат во Париз.
Неофицијално, Мбапе посакува трансфер во Реал Мадрид, додека Нејмар сака да се врати во Барселона.
Проблем може да биде висината на платата, но со оглед на желбата кај двајцата играчи, нема да биде изненадување ако се согласат за помала плата во однос на таа што им ја нуди ПСЖ, над 600 илјади евра неделно, за да се преселат во Шпанија.
Нејмар и Мбапе засега не демантираат дека сакаат да останат во Париз, иако шпекулациите дека решиле да ја напуштат Франција се се погласни.