Сопственикот на Интер побара намалување на трошоците

Претседателот на Интер, Стивен Женг побара од управата на клубот и тренерот Антонио Конте да се намалат трошоците. Интер минатиот викенд ја освои титулата во италијанското првенство по цели 11 години и така ја прекина деветгодишната доминација на Јувентус, но иднината на клубот е неизвесна, бидејќи сопствениците бараат нови инвеститори и се обидуваат да ги намалат трошоците. Конте претходно рече дека по освојувањето на титулата ќе се сретне со Женг како би разговарал за плановите, а Скај Спорт тврди дека состанокот е одржан. Женг се обврза да го продолжи проектот со Конте, но побара сите да ги намалат трошоците додека трае пандемијата. Наводно, играчите на Интер и тренерите ќе се согласат на доцнење на неколку плати, како трошоците би се пренеле на идната финансиска година. Нови засилувања во тимот ќе има само доколку се продадат некои играчи или пак ако се договори размена.