И покрај елиминацијата, Артета не размислува за отказ
Микел Артета предводникот на Арсенал нема намера да замине од клубот според неговата изјава за медиумите.
Арсенал беше елиминиран од Виљареал во Лигата на Европа, откако не успеа да слави во реваншот, одигра само 0:0 и не ја надополни негативата што ја имаше од првиот меч, па англискиот тим прв пат после 26 години се соочува со можност следната сезона да не се појави во ниедно европско натпреварување.
„Не се работи за зборови, тоа треба да го покажеме на теренот. Секогаш сме под притисок бидејќи сакам да дадам се од себе за екипата, за поддршката која ја имам од навивачите. Ова е разочарување, бидејќи се обидувавме да се пласираме во финале. Мислам дека сечија работа е под лупа“, изјави Артета.
Според оваа изјава Артета не размислува за отказ и е подготвен уште долго да го предводи Арсенал.