Лев го враќа Милер во репрезентацијата на Германија
Јоаким Лев планира да го врати Томас Милер во репрезентацијата за Европското првенство ова лето.
Лев веќе го повикал играчот за врска на Баерн и го известил дека сака повторно да смета на него.
Милер последен пат играше за Германија во ноември 2018 година во Лигата на нациите. Во март 2019 година, тој беше ослободен од националниот тим заедно со неговиот соиграч Жером Боатенг и дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс. Пишувањата за враќање на Мулер се интензивираа во текот на изминатата година, бидејќи играчот за врска стана клучен играч на Баерн под водство на тренерот Ханзи Флик, а Баварците минатата сезона ја освоија Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампионите.
Лев ќе го објави составот за ЕП 2020 на 19 мај. Поради пандемијата на коронавирусот, Европското првенство беше одложено за една година, а сега тренерите ќе имаат право да повикаат 26 играчи, тројца повеќе од вообичаено.