Буфон ја продолжува кариерата во еден од најголемите светски клубови

Џанлуиџи Буфон потврди дека на крајот од сезоната ќе го напушти Јувентус и во таа прилика додаде дека се уште не е сигурен дали тоа значи крај на кариерата или во евентуална нова понуда ќе најде мотивација за продолжување понатаму.
Трофејниот 43-годишен голман кариерата ја започна во Парма, а покрај една помината сезона во ПСЖ, бранеше за Јувентус од 2001. до 2018. година, односно од 2019. па до денес. Доколку информациите кои кружат низ медиумите се точни, тој од следната сезона би можел да биде нов играч на Барселона.
Каталонскиот клуб го контактираше Буфон и му нуди место на резервен голман, кој по потреба ќе биде поддршка за Марк-Андре Тер Штеген. Истовремено се тврди дека Барселона е подготвена да го продаде Нето, како би ја олеснила финансиската ситуација.
Нето сезонава бранеше на три натпревари во Лигата на шампионите, во шест првенствени и во два натпревари од Купот на кралот.
Буфон собра 12 настапи за Јувентус, на шест од нив не прими ниту еден гол, а вкупно седум пати ја вадеше топката од својата мрежа.