Ибрахимовиќ го пропушта Европското првенство?!

Веста од пред два дена дека Златан Ибрахимовиќ ќе ги пропушти последните три дуели од сезоната дојде во најлош момент за Милан, кога води голема борба за пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.
Милан минатиот викенд го „растури“ Јувентус на гостински терен со 0:3, а во 66. минута Швеѓанецот поради повреда го напушти теренот. Се чини дека повредата на коленото е уште потешка отколку што првично се мислеше.
Сега, Ибрахимовиќ има две варијанти за опоравување. Првата е да доаѓа на терапии, а втората да оди на операција. Во случај да се одлучи на операција, Ибрахимовиќ би го пропуштил Европското првенство, но веројатно би бил подготвен за почетокот на следната сезона.
Во случај да се одлучи за традиционални терапии, нема гаранции дека ќе биде подготвен пред септември. Со оглед на тоа што има 39 години и дека договорот со Милан му истекува следното лето, италијанските медиуми пишуваат дека оваа повреда би можела да му ја заврши кариерата.