Трипие се враќа на Островот, два премиерлигаши притискаат за потпис
Кирон Трипие е интересен за Манчестер Јунајтед и Евертон, објавија медиумите на Островот. Англичанецот потекнува од Манчестер Сити и играше за Тотенхем од 2015 до 2019 година. Дефанзивецот играше и за Барнли и Барнсли, а за клубот од Мадрид игра од 2019 година. Оваа сезона, 30-годишниот Трипие одигра 34 натпревари за Атлетико, на кои забележа шест асистенции. Според порталот Трансфермаркт, вредноста на играчот е 20 милиони евра. На едно коло пред крајот на шпанскиот шампионат, Атлетико е на првото место со 83 бода и е со два бода предност пред најблискиот ривал – Реал Мадрид. Атлетико ќе го одигра својот последен натпревар во сезоната на гости кај Ваљадолид на 22 мај.