Дебела премија на фудбалерите за успешниот старт на мундијалските квалификации

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница одржана во „Куќа на фудбалот“ донесе одлука за финансиски награди за репрезентативците за успешните настапи во квалификациите за Светското првенство, но најави и какви премии ќе добијат фудбалерите за евентуален успех на ЕП 2020.
УО донесе одлука да се исплати парична награда за македонската А репрезентација во износ од 150.000 евра за мартовските натпревари (Романија, Лихтенштајн и Германија) од квалификациите за Светското првенство.
Исто така, секоја победа од групната фаза на Европското првенство, ФФМ ќе ја вреднува со 300.000 евра како парична награда за македонската репрезентација. Секој нерешен резултат на натпреварите од групната фаза на Европското првенство ќе се вреднува со 150.000 евра како парична награда.