Ангеловски по ЕП се сели кај Пандев?!
Управата на Џенова размислува за ангажман на Игор Ангеловски, откако Горан Пандев веќе дал препораки за поранешниот тренер на Работнички, сега селектор на сениорската репрезентација на Македонија. Ова го пренесува угледниот новинар на „Газета Дело Спорт“, Алфредо Педула на неговиот личен блог. Тој наведува дека Ангеловски е еден од кандидатите за нов тренер на Џенова. Ангеловски има договор со Македонија до завршувањето на ЕУРО 2020, по што извесно е дека ќе бара нов ангажман, иако популарниот „Мрме“ најави дека посакува да ја однесе нашата репрезентација и на СП во Катар. Пандев се уште нема донесено одлука дали активно ќе игра и следната сезона, но ако Ангеловски се договори со Џенова, нема да биде изненадување доколку Пандев остане активен уште една сезона.