Суарез потврди дека останува во Атлетико и следната сезона
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез, не крие дека е презадоволен од освоената титула во најсилниот фудбалски шампионат во Шпанија. Тој најави дека нема намера да го напушти клубот.
„Сигурен сум дека ќе останам бидејќи имав одличен третман. Сопругата и децата се со мене цело време. Тие се навикнаа на новата средина иако во поечтокот им беше многу тешко“, потенцира луцудниот голгетер.
Суарез во изминатата сезона успеа да постигне 21 гол во Примера Дивизион и беше еден од најзаслужните за освоениот шампионски пехар.