По заминувањето на Конте – Интер пред распад!

Антонио Конте го напушти Интер по две сезони на кормилото и тоа по освојувањето на титулата во италијанското првенство. Конте со Интер ја прекина деветгодишната доминација на Јувентус, а потоа се одлучи да застане.

Славниот тренер заминува бидејќи управата на клубот не може да осигура финансии за засилувања за нападот на Лигата на шампионите. Фабрицио Романо, италијански новинар, објави дека управата побара од Конте поради финансиската криза да продаде играчи во вредност од 80 милиони евра и дека тоа е причината зошто Конте се одлучил да го напушти клубот.

Италијанските медиуми пишуваат дека во Интер следи вистински егзодус. Играчите со кои Конте имаше посебен однос ќе побараат заминување.

Тоа засега се Ромелу Лукаку, Ашраф Хакими, Лаутаро Мартинез и Алесандро Бастони. Со нивните продажби, ќе се осигура финансиската стабилност, но прашање е како Интер би изгледал на теренот идната сезона. Сите овие играчи беа клучни првотимци кај Конте во последните две сезони.