Џака е желбата на Мурињо за новиот среден ред на Рома
Новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, тргнува во обид да го донесе во Рома фудбалерот на арсенал, Гранит Џака.
Според информациите, Мурињо сака во тимот да го има 28-годишниот фудбалер на репрезентацијата на Швајцарија, а Арсенал е подготвен да го ослободи за 25 милиони евра.
Преговарачите од Рома се обидуваат да ја спуштат цената на 20 милиони евра плус бонуси.