Милер: Среќен сум што се вратив во репрезентацијата

Томас Милер, враќањето во германската репрезентација за Европското првенство го гледа како краткорочна авантура. Напаѓачот кој доби повик од селекторот, Јоаким Лев, не сака да открие дали и по континенталниот собир ќе остане дел од „панцерите“.

„Не сакам да размислувам што ќе биде по Европското првенство. Среќен сум што ќе имам можност да и помогнам на Германија. Работите се променија од 2019 година, сега сите сме обединети за тоа што не чека“, изјави Милер. 

Неговата селекција в пресрет на Евро-шампионатот се подготвува во базата во Австрија.