Вечерва прва контрола пред Европското првенство

Репрезентацијата на Македонија вечерва со почеток од 18. часот на националната арена „Тодор Проески” ќе одигра контролен натпревар против соодветната селекција на Словенија.

Мечот против Словенија ќе биде првиот од двата контролни теста пред заминувањето за Букурешт на Европското првенство.

Селекторот Игор Ангеловски очекува тежок натпревар против силна репрезентација која ни е добро позната.

„Словенија е репрезентација која ни е доста добро позната, не очекува еден интересен натпревар, се надевам дека овој дуел ќе биде добра подготовка за она што ќе не очекува во Букурешт. Енис Барди се чувствува добро, нема симптоми, со нетрпение го очекуваме назад во составот, Се работи за еден исклучителен фудбалер кој е мноѓу важен дел од овој тим. Фудбалот се игра за публика. Се надевам и очекувам да дојдат навивачи во што поголем број, да ја бодрат нашата репрезентација и нашите момци бидејќи тие тоа го имаат заслужено”, вели Игор Ангеловски.