Реал Мадрид подготвува „сензација“ на клупата!

Шпански „Кадена Сер“ пишува дека 61-годишниот Карло Анчелоти е кандидат за нов тренер на Реал Мадрид. Тренерот на Евертон е во комбинација за сензационално враќање во мадридскиот клуб, открива шпанскиот медиум.

Анчелоти го водеше Реал од 2013. до 2015. година и со него освои Лига на шампиони, Куп на кралот, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.

Анчелоти е третиот италијанец кој се поврзува со Реал откако Зинедин Зидан го напушти Мадрид. Масимилијано Алегри беше најизгледниот кандидат, но тој се врати во Јувентус. Антонио Конте го напушти Интер, па и понатаму се наоѓа меѓу кандидатите за преземање на Реал, но шпанците не му даваат голема шанса.

Кадена додава дека преостанатите три кандидати се Маурисио Покетино, Раул Гонзалез и Чави Алонсо.