Македонија и Финска најголеми аутсајдери на Европското првенство

Една од најпознатите и најголемите британски обложувалници – „Педи Пауер“ максимално ја потцени нашата фудбалска репрезентација со објавата дека ќе бидеме последни во групата –Ц.  

– Најсигурен облог: Македонија ќе заврши на последното место во групата Ц, – велат од „Педи Пауер“ пред нашиот дебитантски меч против Австрија на 13 јуни.

Во групата се уште и Украина и Холандија. Мечевите ќе ги одиграме во Букурешт и Амстердам.