Верати се враќа за дуелот со Швајцарија
Фудбалерот на ПСЖ и на селекцијата на Италија, Марко Верати, ќе му биде на располагање на селекторот, Роберто Манчини, за мечот против Швајцарија закажан за в среда во рамките на 2 коло во групата А на ЕП.
„Газета дело спор“ денеска објави, дека играчот од средниот ред кој поради повреда на коленото го пропушти воведниот натпревар против Турција кој им припадна на „аѕурите“ со 3-0, најверојатно ќе биде на клупата.
Во исто време, Мануел Локатели, Николо Барела и Жоржињо, се очекува да започнат против Швајцарија додека десниот бек, Алесандро Флоренци ќе го пропушти вториот натпревар во групата. Неговото место ќе го добие Џовани ди Лоренцо.