Полн „Вембли“ за полуфиналето и финалето на Европското првенство
Британската влада објави дека ќе им овозможи на повеќе од 60 000 гледачи да дојдат на култниот стадион „Вембли“ во Лондон за полуфиналето и финалето на Европското првенство во фудбал.
Ова значи дека капацитетот на „Вембли“ ќе се пополни до три четвртини, а сите што ќе бидат на трибините ќе треба или да направат негативен тест за ковид-19 или потврда дека примиле втора доза на вакцина против ковид-19 најмалку 14 дена пред натпреварот.
За претходните натпревари во групната фаза од натпреварувањето, капацитетот на „Вембли“ беше намален на 22.500 гледачи, а тоа ќе важи и за натпреварот од осминафиналето меѓу Италија и Австрија, кој е закажан за 26 јуни. Но, веќе на 29 јуни, за натпреварот од осминафиналето во кој можеше да игра Англија, капацитетот ќе се зголеми на 40 000 гледачи.
Одлуката на британската влада е донесена во време на зголемен притисок врз УЕФА и нејзиниот лидер Александар Чеферин да го одземе организирањето на на полуфиналето и финалето во Лондон, поради зголемувањето на бројот на заразени т.н. Индиски вид коронавирус, за кој научниците тврдат дека е значително поопасен од првата верзија, која се појави на британско тло.