Суарез измисли нов начин за „крадење“ на време!
Репрезентацијата на Уругвај одигра 1:1 против Чиле во средбата од третото коло во групната фаза на Копа Америка.
Чиле поведе во 26. минута со погодокот на Едуардо Варгас, а бодот на Уругвај го донесе Артуро Видал на средината од второто полувреме, кога ја испрати топката во својата мрежа.
Дека Уругвајците беа задоволни и со бод од овој натпревар, покажал и еден детал од завршницата.
Луис Суарез измисли нов начин како би задржал време. Откако топката заврши во гол-аут, тој застана пред голманот на Чиле, Клаудио Браво и ја изваде копачката. Браво, некогашниот соиграч на Суарез од Барселона, отиде два метра подалеку и се обиде да ја врати топката во игра, но уругвајскиот напаѓач повторно застана пред него за да ја облече копачката.
Во групата А, Аргентина е прва со седум бодови, Чиле е втор со пет, Парагвај трет со три, додека Уругвај има еден бод, а Боливија е без бодови. Последните три репрезентации досега одиграа само два натпревари, а најдобрите четири ќе се пласираат во четвртфинале.