Веќе е познато кој ќе го наследи Дешамп?
Франција шокантно беше елиминирана во осминафиналето на Европското првенство, а тоа би можело скапо да го чини селекторот Дидие Дешамп.
Дешамп ја води Франција веќе девет години, на Светското првенство пред три години го освои златото, на Европското во 2016. загуби во финалето од Португалија, а сега го доживеа најголемиот удар како селектор.
„Ле Парисиен“ дури пишува и дека Дешамп би можел да се повлече по овој неуспех, а медиумите веќе имаат свој фаворит за нов селектор. Се работи за Зинедин Зидан, легендата на францускиот фудбал кој е без ангажман откако го напушти Реал.
„Зидан сонува за тоа да ја предводи Франција и уверен сум дека сонот ќе му се оствари.“ – изјави пред неколку денови претседателот на Реал, Флорентино Перез.
Сега се чека на одлуката на фудбалскиот сојуз на Франција.