По Санчо – уште едно големо име во Манчестер Јунајтед!

ЕСПН пренесува дека извори блиски до Манчестер Јунајтед потврдиле дека дефанзивецот на Реал и Француската репрезентација Рафаел Варан е на чекор до преселба во клубот од „Олд Трафорд“.

Варан има важечки договор со Реал до летото 2022. година, но тој јасно му стави до знаење на Флорентино Перез дека истиот не сака да го продолжи, па Реал сега е подготвен да го продаде за играчот да не оди бесплатно следното лето.

Варан рече дека одлуката за продолжување на кариерата ќе ја објави по ЕУРО, а се пишуваше дека е најблизу до преселба во ПСЖ. Сепак, се чини дека Јунајтед е најконкретен. Реал бара 70 милиони, а Јунајтед е подготвен да исплати 50.