Милан и Бреша преговараат за откуп на договорот на Тонали

Милан се обидува да се договори со Бреша за перманентен трансфер на Сандро Тонали, росонерите сакаат да ја спуштат првично договорената сума.

Милан плати 10 милиони евра за позајмица на Тонали со опција за перманетен трансфер, треба да доплати уште 15 милиони евра за комплетно да го има играчот од средниот ред.

„Калчо Меркато“ пишува дека Милан и Бреша водат преговори, росонерите сакаат да дадат уште десет милиони евра за да го отупат целосно, но помалиот италијански клуб не сака да слушне.

Бреша останува на ставот дека Милан треба да даде уште 15 милиони евра за да го добие во целост Тонали.