Барса и Атлетико договараат голема размена на играчи!
Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона и Атлетико Мадрид наскоро ќе разменуваат играчи. Играчот од средниот ред Саул Нигуез (26) ќе пристигне во Барселона, а Антоан Гризман (30) ќе се врати во Атлетико.
Радио Каталуња пишува дека се е договорено. Саул ќе заработува 12 милиони евра годишно во Барселона, а Гризман милион евра повеќе во Атлетико.
Гризман е „вишок“ во Барселона, а тренерот Роналд Куман не смета на Французинот. Барселона го донесе Гризман од Атлетико за 120 милиони евра пред две години, но тој никогаш не се вклопи целосно. Сега се враќа во клубот за кој играше фудбал во кариерата од 2014 до 2019 година.
Од друга страна, Шпанскиот играч за врска Саул сака нов предизвик во кариерата. Тој игра професионално во Атлетико од 2010 година. На Барселона и е потребен играч за врска од неговите карактеристики, а Атлетико со нетрпение го очекува враќањето на Гризман, кој веднаш ќе формира напаѓачки тандем со Луис Суарез.