САД конечно победи на генералната проба пред ОИ
Кошаркарите на Соединетите американски држави ја победија Шпанија во генералната проба пред Олимписките игри. Натпреварот во кој се сретнаа двете водечки селекции на светот отиде на страна на САД, кој ги совлада актуелните светски прваци со 83:76.
Ова беше четврт подготвителен натпревар за Американците пред Олимписките игри во осум дена, забележаа две победи и два порази.
Натпреварот беше решен со серијата 23:6, која започна во третата и траеше и во четвртата четвртина.
Демијан Лилард уфрли 19 поени, а Келдон Џонсон, кој само што пристигна во репрезентацијата како замена за Бредли Бил, додаде 15. Во редовите на шпанската репрезентација најдобар беше Рики Рубио, кој натпреварот го заврши со 23 поени.