Баерн тргнува по младата ѕвезда на Барселона

Германскиот фудбалски првак, Баерн Минхен посакува до крајот на летниот рок да го договори трансферот на Серхи Роберто од Барселона, пренесува шпанскиот весник „Ас“.

Новиот тренер на „Баварците“, Јулијан Нагелсман верува дека Роберто може да биде од голема корист во екипата од која постои можност наскоро да си замине Леон Горецка.

Роберто има договор со Барселона до јуни идната година, поради што е достапен за помалку од 30 милиони евра.

Баерн Минхен планира да достави понуда за едногодишна позајмица со обврзувачки откуп следното лето.