Турски и руски клубови го сакаат Диего Годин

Диего Годин потврди дека добил понуди од руски и турски клубови.

„Имам уште една година според договорот со Каљaри, плус можност за продолжување на уште една година. Следната недела ќе се вратам на Сардинија на претсезонски тренинг. Претседателот рече дека клубот доживува одредени економски потешкотии, затоа сите играчи се ставени на продажба.

Пред две-три недели клубот доби понуда од Русија, плус друга од Турција, но никој не ми се јави директно за да ми даде детали. Мислам на луѓето од Каљари“, рече Годин.

Динамо Москва му даде предлог на Каљари за трансфер на централниот дефанзивец. Рускиот клуб му нуди на Годин тригодишен договор со плата од околу 4 милиони евра. Минатата сезона, Годин одигра 28 натпревари за Каљари и постигна еден гол. Дефанзивецот е капитен на уругвајската репрезентација и има одиграно 146 натпревари за својата земја.