Чалета-Цар на радарот на Вест Хем
Екипата на Вест Хем која ќе настапи во Лига Европа, се обидува да ја засили дефанзивата со Хрватот, Дује Чалета-Цар.
Фудбалерот на Марсеј имаше одлична сезона во француското првенство а одигра добро и во Лигата на шампионите.
Репрезентативецот на „коцкестите“ пристигна во францускиот прволигаш од редовите на Салзбург во 2018 година за 19 милиони евра. Сега Трансфермаркт го проценува на 25 милиони евра.