Италијанската влада донесе нов протокол за спортските настани

Стадионите во Италија може да бидат исполнети само до 50 проценти од вкупниот капацитет и тоа само со гледачи кои имаат така наречен – „Зелен пасош“. Одлуката на Владата која се однесува за спортски настани на отворено во услови на пандемија ќе стапи на сила на 6 август.

Тоа значи дека ако нема промени, новата сезона во Калчо ќе започне со такви ограничувања. „Зелен пасош“ во Италија значи т.н. Европски сертификат ковид, кој се дава на вакцинирани лица што имале негативен тест за корона-вирус во последните 48 часа или за лица кои ја прележале болеста во последните 6 месеци.

„Зелен пасош“ на Апенините ќе со користи и за посета на кино, театар, музеј, теретана, па дури и за влез во угостителските објекти.