Младите битолски кугларки на светско првенство во Словенија

Младите битолски кугларки до 18 години деновиве ќе учествуваат на Светското првенство во куглање, кое викендов започнува во Словенија.

Пред заминувањето на Светското првенство градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, се сретна со нашите репрезентативки и нивниот тренер Игор Михајловски и им посака многу успеси во тамошните натпревари.

„На светското првенство во куглање до 23 години (од 21-26август 2021 Крањ Словенија) ќе ја водам македонската женска кугларска репрезентација до 18.години како тренер и селектор. После период од 10 години повторно нашите кугларски таленти ке имаат можност на големо натпреварување да ги бранат боите на Македонија. Во период кога кугларската федерација е блокирана поради долгови цела деценија смогнавме храброст до степен на лудост, да превземеме ризик и да пријавиме учевство само и само во интерес на нашите нови и надежни генерации кои треба да бидат стожер наредните 10-15 години. Прв пат во историјата на македонското куглање, составот на репрезентативките е 100% од Битола. Благодарам до сите добронамерници кои помогнаа да се реализира овој подвиг, до сите оние куртоазни одбивања, а посебно до сите кои немаа слух и од старт ги одбиваа нашите заложби, а со тоа го пробудија мојот/нашиот инает да успееме, а со тоа да станеме посилни од претходно. Ќе биде тешко во Словенија тоа сигурно но верувам во нашиот успех. Да ќе бидеме дебнитанти, но имаме свој адути и ќе може да се натпреваруваме со другите репрезентации. Лудилото со пандемијата си велам нема да ни направи дополнителни проблеми, девојките и јас ке бидеме внимателни и се надевам негативни на вирусот, и ќе може да отпатуваме во Словенија. Работиме со поширок состав , само да се заштитиме за недајбоже ако имаме некој позитивен случај. Верувам дека здравјето ќе не служи и повредите ќе бидат избегнати. Девојките се во одлична форма и очекувам последните 15 дена да стигнеме до својот максимум а оние шест дена на официјалните настапи, на црвено-жолтито дрес, тоа што го знаеме и да го покажеме на патеките. Тремата ке биде нашиот најголем непријател но , работиме на тој сегмент.“ –  изјави селекторот Михајловски пред тргнувањето во Крањ.