Шкотот Робертсон го продолжи договорот со Ливерпул

Англискиот гигант Ливерпул продолжи да ги продолжува договорите со важни фудбалери, а последен кој стави потпис е Енди Робертсон.

После продолжувањето на договорот со Трент Александер-Арнолд, Фабињо, Алисон Бекер и Вирџил ван Дајк, сега на ред дојде и Робертсон.

Робертсон денес стави потпис и се обврза на верност до „црвените“ до 2026 година.

Робертсон пристигна на „Енфилд“ пред четири години и се етаблираше како еден од најдобрите леви бекови во светот.