Јунајтед оствари најдолга низа без пораз на гостински терен
Манчестер Јунајтед со победата над Волвс стигна до 28. натпревар по ред без пораз на гостински терен, со што испиша историја во Премиерлигата.
Екипата од Олд Трафорд го собори рекордот на Арсенал, кој во 2004. година забележа 27. натпревари без лигашки пораз на гостувањата.
Јунајтед во текот на овие 28 натпревари постигна 51 погодок, а прими 19, при што запиша 17 победи, додека Арсенал сјајната низа ја заврши со гол разлика 54:17, имајќи ист број на победи.
Единствениот погодок на натпреварот помеѓу Вулверхемптон и Јунајтед беше дело на Гринвуд во 80. минута, по асистенција на Варан, кој дебитираше за Јунајтед. Домашните фудбалери се жалеа по погодокот, бидејќи сметаа дека во текот на акциајта Погба го фаулираше Невес. Но, нити судијата, нити ВАР не ја менуваа одлуката.
„Волците“ беа поблиску до победа, но пропуштија неколку одлични шанси, за што на крајот беа и казнети.