Дибала отпадна од списокот на Скалони за октомвриските мундијалски квалификации

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала ќе ги пропушти квалификациите за СП на Аргентина против Парагвај (7 октомври), Уругвај (10 октомври) и Перу (14 октомври), објави прес-службата на националниот тим на Аргентина.

Да потсетиме, Дибала се повреди на натпреварот од италијанското првенство со Сампдорија (3-2), што се одигра на 26 септември. Репрезентацијата на Аргентина има освоено 18 поени на 8 натпревари и е на второто место во квалификациите за Јужна Америка за СП 2022 година.

Лидер во квалификациите е Бразил со 24 бода. Дибала оваа сезона учествуваше на 5 натпревари од италијанското првенство, постигна 2 гола и 2 асистенции.