Диего Коста под истрага за местење на натпревари?

Бившиот фудбалер на Атлетико Мадрид и Челзи се наоѓа во центарот на скандал, поради наводни лажирања на фудбалски натпревари, пренесуваат медиумите од Бразил.

Локалната полиција открила мрежа која била вмешана во криминални активности и при тоа под истрага бил и еден неименуван 32-годишен фудбалер.

Идентитетот не е јавно откриен, меѓутоа бразилските медиуми дојдоа до сознанија дека се работи за Диего Коста кој е под истрага на полицијата за кладење и местење на натпревари.

Во соопштението на државната полиција од сојузната држава Сержипе, каде е роден сегашниот фудбалер на Атлетико Минеиро се наведува дека ја започнале втората фаза од операцијата под кодно име “Дистракција“ со цел да се приберат докази за истрага во врска со нелегално коцкање, перење пари, размена на девизи и криминал.

Се шпекулира дека Диего Коста е финансиер на цела шема за перење пари и местење на натпревари.

Би бил огромен скандал ако информациите за евентуална вмешаност на бившиот напаѓач на Атлетико Мадрид и Челзи излезат како точни.