Сопственикот на Ријека; Велковски не игра за нас како за Македонија
Сопственикот на Ријека, Дамир Мишковиќ јавно искажа незадоволство од настапите на македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски за Ријека.
За Мишковиќ, Велковски е големо разочарување, тој за Ријека не игра на нивото на кое игра за Македонија. Тој веќе од поодамна нема загарантирано место во стартниот тим, некогаш игра, некогаш е на клупата.
Но, неговите настапи за Македонија се сосема поинакви, Велковски е главниот во нашата дефанзива. Дамир Мишковиќ го знае потенцијалот на Македонецот и е разочаран што во Ријека не игра на нивото на кое може.
„Бев убеден дека кога имаш македонски репрезентативец како Дарко Велковски, стопер кој игра врвно за репрезентацијата, си ги решил проблемите во одбраната. Но, Велковски има многу осцилации и ретко игра за Ријека така како што игра за македонската репрезентација. За мене тој е големо разочарување“, вели Дамир Мишковиќ.
Веројатно за Велковски ова е последна сезона во Ријека каде е од 2018 година.