Почетино: Не се победува добар тим со само триесет минути добра игра
Тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино го коментираше поразот на тимот на натпреварот против Рен (2-0).
„Во целиот натпревар имавме добри 25-30 минути. Имавме неколку добри шанси да го отвориме резултатот, но ова не беше предодредено да се оствари. Потоа, Рен постигна гол на самиот крај на првото полувреме и го удвои водството една минута по почетокот на второто полувреме. Беше тешко да се справиме со тоа психолошки. Почнавме да се отвораме, а противникот стана господар на теренот. Првиот човек одговорен за овој пораз сум јас. Да, игравме добар фудбал половина час, но треба да научиме како да го правиме тоа сите 90 минути. Немавме проблем да се опоравиме, затоа што поминаа пет дена од натпреварот против Манчестер Сити“, изјави Почетино.