Гвардиола: Натпревар како овој покажуваат дека Премиер лигата е најдобра
Пеп Гвардиола го коментираше натпреварот од 7. коло од англиската Премиер лига против Ливерпул.
„Манчестер Сити и Ливерпул се таму каде што сме во последните години, затоа што се обидуваме да играме на тој начин. За жал, не можевме да победиме – но ниту загубивме. Ова е причината зошто Премиер лигата е најдобра. Беше одлично, навистина одлично. Резултатот е резултат, и не можеме да го промениме. Знам колку е тешко да се игра против овие играчи и овој тренер. Ова е неверојатен предизвик за нас секој натпревар. Начинот на кој игравме на „Стемфорд Бриџ“ во Париз и денес покажува дека сме одличен тим. Се молам да продолжиме на ист начин и играчите да се вратат здрави од настапите за своите репрезентации“, изјави Гвардиола по натпреварот.
Мечот Ливерпул – Манчестер Сити заврши нерешено 2-2. Мане и Салах погодија за „црвените“, Фоден и Де Брујне за Манчестер Сити.