Невкусно добредојде за Донарума во Милано

Во пресрет на средбата помеѓу репрезентациите на Италија и Шпанија, тифозите на Милан му испратија невкусна порака со навредлива содржина испишана на транспарент на својот поранешен голман Џиџи Донарума. 

Навивачите не му го простуваат неговото заминување од Милано и преселувањето во екипата на ПСЖ.

Италија ја пречекува селекцијата на Шпанија на стадионот Сан Сиро во Милано, во полуфиналниот натпревар од Лигата на нации, а Донарума ќе застане на голот на домаќинот.