Веселин Вујовиќ повеќе не е селектор на репрезентацијата на Катар

Ракометниот тренер Веселин Вујовиќ повеќе не е селектор на ракометната репрезентација на Катар откако преговорите за продолжување на соработката завршија без договор.

Црногорскиот стратег неодамна оствари значаен резултат со катарската селекција, освојувајќи сребрен медал на Азиските игри во Јапонија.

Сепак, добрите резултати не беа доволни двете страни да најдат заеднички јазик за новиот договор.

Главната пречка била должината на соработката. Вујовиќ сакал договорот да важи до мај, со што би ги опфатил и квалификациите за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Од друга страна, ракометната федерација на Катар понудила сор