Салах би останал на „Енфилд“, но само за поголема плата
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах сака да прима плата од 380.000 фунти неделно според неговиот нов договор.
29-годишниот Египќанец, чиј актуелен договор истекуваво летото во 2023 година, сака неговиот нов договор да го потврди неговиот статус како еден од најдобрите фудбалери во англиската Премиер лига. Деновиве двете страни ги продолжуваат разговорите и се надеваат дека ќе постигнат разбирање.
Во последните месеци, Ливерпул продолжи да потпишува нови договори со голем број водечки играчи на тимот, вклучувајќи ги Вирџил Ван Дајк и Џордан Хендерсон.